Претходна статија
Пет мали хидроелектрани проработеа на реката Бошава
Следна статија
Четири саемски дена за проектот „Купи куќа, купи стан“

Ќе се работи на проект за кружен тек кај „Хубо маркет“

Објавено на 29.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје денеска публикуваше оглас за избор на фирма што ќе го изготви основниот проект за раскрсницата на улицата „Скупи“ со булеварот „8-ми Септември“ кај „Хубо маркет“ во Општина Карпош. Стручната фела треба да понуди проект за изведба на кружен тек на оваа фреквентна локација, која би била адекватна замена на постоечките семафори. Кон крајот на 2013 година, улицата „Скупи“ се прошири на делот кај оваа раскрсница, но тоа не го реши проблемот со сообраќајниот метеж во овој дел од градот. За изработка на основниот проект е проценето дека ќе се потрошат 600.000 денари без ДДВ.

 

 

 

Идејата за изградба на кружен тек на улицата „Скупи“ беше за прв пат претставена од скопскиот градоначалник пред две години. Тогашната вредност на инфраструктурниот објект беше проценета на 35 милиони денари. Во согласност со Нацрт-буџетот на Град Скопје за 2016 година, за овој кружен тек е предвидено да се одвојат неопходните финансиски средства и да се почне со неговата реализација. Прогнозите на градската власт се дека со проектот ќе се растерети сообраќајот во овој дел на Скопје.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk