Во локалната економска зона Марино – Кадино во Општина Илинден денеска беше поставен камен – темелник за изградба на нов индустриски објект на австриската компанија „Текспорт“, со површина од 5.000 метри квадратни. Во фабриката ќе се производува заштитна облека, а според инвеститорите, вкупната инвестиција изнесува повеќе од 4 милиони евра, при што ќе се отворат 450 до 500 нови работни места.
* Извор на фотографија: Општина Илинден
Фабриката во Општина Илинден ќе претставува најголема инвестиција на австриски „Текспорт“ во својата досегашна историја. На денешното поставување на камен – темелникот присуствуваа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.