Претходна статија
Донација од 21 милион швајцарски франци за колекторски систем и пречистителна станица во Кочани
Следна статија
Спроведена гасификација на две средни училишта во Скопје

Осветена црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци

Објавено на 18.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Кавадарци денеска беше осветена црквата „Света Петка Преподобна“. Објектот се градеше пет години (изградбата започна на почетокот од август 2010 година), а ктитори беа „Фени индустри“, „Кожувчанка“, „Градба промет“ и Општина Кавадарци. Внатрешниот дел од црквата се простира на 207 метри квадратни, со два параклиси и камбанарија со површина од 100 метри квадратни. Трите ѕвона на камбанаријата се изработени од австриската компанија „Гросмаер“. Верскиот објект ја претставува ранохристијанската архитектура и е изведен според проектот на архитектот Трајче Грков.

 

 

 

Со чинот на осветување чиноначалствуваше Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, по што следеше и свечена литургија.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект