Претходна статија
Децата со оштетен вид добија нова училишна зграда
Следна статија
Дебарската гимназија „Здравко Чочковски“ се гради со турска помош

Ќе се реконструира патот Кочани – Делчево

Објавено на 16.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кон крајот на годинава треба да започне реконструкцијата на магистралниот пат од Кочани до Делчево, во должина од 30 километри. Финансиската конструкција на проектот изнесува 10 милиони евра и истиот е влезен во програмата за работа на Јавното претпријатие за државни патишта за 2015 година. Надлежниот министер завчера направи обиколка на теренот во Кочани, каде во моментов се одвиваат работи за асфалтирање на клучката на влезот во овој град. Јавното претпријатие за државни патишта веќе ја изготви проектната документација за реконструкција на патот. На проектот работеше фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје, која за 54,7 милиони денари ја подготви документацијата за санација и изградба на уште четири други регионални патишта, и тоа оние од Делчево до Голак, од Кривогаштани до Воѓани, од Лажани до Црнилиште, и од Коњарево до струмичко Ново Село.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk