Со настап на музички групи и пејачи, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески вчера вечер го пушти во употреба новиот скејт парк во градот, со површина од 1.331 метри квадратни, наменет за возење на скејтборд, ролери и BMX велосипеди. Скејт паркот се состои од бетонски површини од околу 900 метри квадратни, кои се поделени како функционални целини за рекреирање на младите од различна возраст. Изведени се аморфни базени од 80 сантиметри до 3 метри, а просторот е и хортикултурно уреден.
* Извор на фотографија: Општина Прилеп
Покрај за рекреативни активности, од Општината велат дека просторот ќе може да се користи и за реализација на културни настани и спортски натпревари. Изградбата на скејт паркот започна кон крајот на февруари 2014 година, по барање на помладите жители на градот.