Претходна статија
Бесплатни проекти за типски куќи од денеска достапни за граѓаните
Следна статија
6,5 милиони евра ќе чини новиот скопски Луна парк

Автопатот Демир Капија – Смоквица се гради со инoвaтивните системи на Doka

Објавено на 27.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица претставува сериозен градежен предизвик, во кој своето место го најде австриската компанија Doka. Овој истакнат производител на оплатни системи ја има вброено Македонија како една од 70 земји во светот, каде што ги има проширено своите активности, вметнувајќи ја автопатската делница долга 28,2 километри во списокот на стотици проекти на кои во моментов индиректно работат на пет континенти.

 

Зошто Doka беше вклучена во реализацијата на овој македонски проект? Трасата на идниот автопат минува низ исклучително тежок предел, почнувајќи од Челевечка клисура кон планинскиот предел во правец на Миравци, со карпести врвови со висина и до 900 метри. Комплексната делница содржи пет мостови и два двоцевни тунели. Задачата на изведувачот на работите – грчката компанија „Актор“ беше да изгради мостови со вкупна должина од 2.527 метри и два двоцевни тунели со вкупна должина од 4.939 метри.

 

####

 

 

Сериозноста на проектот може да се согледа преку промената на теренот со која се соочуваше изведувачот на работите, од рамничарски простор кон ридско-планински предел, кој се одликува и со премин на медитеранската клима кон умерено континентална. Тешката конфигурација на теренот доведе до потребата од примена на различна технологија при изведбата на мостовите. Четири од мостовите се конзолни, а два се изведуваат со греди од пренапрегнат армиран бетон. За сета оваа комплексност, Doka понуди решенија за оптимална реализација на градежните работи. За мостовите беа изведени 31 основи и глави на столбовите, со вкупно 1.232 должни метри на столбови. Во делот на тунелите, постојат четири попречни премини за возила и пешаци со ширина од 25 метри и четири проширувања за застанување со ширина од 50 метри. Цевките на тунелите се меѓусебно поврзани со по два премина за евакуација во случај на несреќа.

 

Во изведбата на сите овие мостови и тунели од автопатот се користеше опрема на Doka. Од изведувачот на работите беа порачани два сета на оплата за темелите на мостовските столбови. Тука беше употребена оплатата за столбови Doka Framax Xlife, како оплата за правоаголни и квадратни бетонски столбови излиени на лице место. Производот овозможува разновидна примена на градилиштето, со помош на различните отвори во оплатата кои се пригодни за брзо монтирање и преместување. Оваа оплата за столбови овозможи помалку потрошени количества на градежни материјали и пониско трошоци, но и заштита при работа со соодветните системи за искачување и работни платформи.

 

###

 

 

При извишувањето на столбовите беа исползувани осум сетови на оплата за столбови со произволен облик и димензии Doka Top 50 и качувачка оплата Doka MF 240. При лиењето на бетонските столбови се водеше сметка на брзината и квалитетот на изработката. Оплатата за столбови Top 50 се состои од само неколку системски делови, што овозможува економична изведба на голем број на столбови. Економичноста беше евидентна поради континуираната поддршка од Doka преку советување, планирање и предмонтажа на оплатата. Брзината на нејзиното поставување беше придружена со целосна заштита на работниците, која произлезе од безбедното вертикално движење и едноставното ракување со оплатата благодарејќи на практичниот алат.

 

###

 

 

За беспрекорна и безбедна изведба на столбовите, се користеше и качувачката оплата Doka MF240. Оваа оплата дозволува регулирано одвивање на работните циклуси кај столбовите на мостовите, поаѓајќи од едноставното ракување на системот, совладувањето на наклони на ѕидовите до 15 степени и нивното димензионирање во согласност со различните потреби на „Актор“ како изведувач на работите. Сигурноста при работата за работниците произлегува од едноставноста во ракувањето и флексибилното користење на оплатата.

 

###

 

 

За мостовите исто така беа употребени и два сета на оплата за столбови Doka Top 50 со качувачка оплата Doka SKE 50. Оваа автоматска качувачка оплата е независна од употребата на кран. Се користеше на оние сегменти од трасата каде што е поприлично тешко да се достават и да се монтираат кранови. Модуларната конструкција на оплатата ја носи со себе флексибилноста на нејзиното користење, додека комплетната хидраулична опрема дозволи истовремено преместување на повеќе единици за искачување. На тој начин беше постигнато забрзување на градежните работи, со намалување на трошоците поради тоа што не се користеше кран.

 

###

 

 

Екипите на грчки „Актор“ се служеа со четири сета на оплата за главата на столбовите со универзалното потпорно подножје Doka F & Top 50. Овој производ овозможува реализација на еднострани ѕидови со висина до 12,8 метри, притоа штеди време и финансиски средства поради заштедата на работни часови на кранот и можноста за преместување на потпорното подножје и без користење на кран. Doka исто така испорача 300 должни метри скалишни кули како стабилен систем за качување. Од рамовите и предмонтажните скалишни елементи во експедитивно време се оформи стабилен систем, кој плени со практичност поради едноставната конструкција на мостовите во фаза на изградба. Меѓуспратните излези обезбедија сигурен пристап кон сите работни нивоа на мостовите.

 

###

 

 

Со користењето на стандардните производи на Doka беше овозможено задоволувањето на најстрогите европски стандарди при изведбата на тунелите и мостовите долж автопатот. Но „Актор“ се соочи со специјални потреби уште на самиот почеток од реализацијата на проектот. Неопходна беше изработката на посебни производи што ќе бидат искористени исклучиво при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Во насока на навремено завршување на предвидените мостови и тунели, Doka изработи специјална тунелска оплата со ширина од 12 метри, која беше фиксирана и прилагодена со челичната оплата за тунели. За непречена изградба на мостот Б1, беа изведени и работни платформи на долните ножици од монтажните носачи.

 

„Актор“ планира да ја заврши изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица до септември 2016 година. Во почитувањето на роковите несомнена улога одиграа и ползуваните производи на Doka. Речиси без исклучок, флексибилниот и едноставен пристап на оплатата кај мостовите и тунелите овозможи добивање на време при изведбата на останатите сегменти од автопатот.

 

Doka е исклучително горда на своето учество во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, уште еден сложен инфраструктурен проект во богатото портфолио на компанијата.