Претходна статија
Бугарски инвеститор ќе гради голем трговски центар кај скопскиот аеродром
Следна статија
Продолжува постапката за донесување на ДУП-от за Карпош 4

Кумановчани наскоро ќе го добијат новиот затворен базен

Објавено на 05.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Привршуваат изведбените активности за изградба на новиот затворен базен во Куманово. Спортскиот објект во изминативе месеци беше целосно покриен, комплетирано е неговото фасадно уредување, а периодов привршува и внатрешното уредување. Најдоцна за неколку месеци, кумановчани ќе може да го користат спортскиот комплекс со површина од 4.000 метри квадратни. Општина Куманово од локалниот буџет инвестираше 2,2 милиони евра за изградба на затворениот базен, а градежно – занаетчиските работи ги изведува скопската фирма „Д.С. Галаб“.

 

###

 

 

Со реализација на проектот, граѓаните во вториот по големина град во земјава конечно ќе добијат затворен базен. Комплексот се состои од затворен зимски базен, отворен летен базен и спа – центар. На дополнителна површина од 1.600 метри квадратни се планирани комерцијални содржини, за кои Општина Куманово ќе најде наемател, или пак, концесионер. Поради фактот што Општината го гради базенот со сопствени финансиски средства, неговата реализација се одвиваше во неколку фази. Изградбата на затворениот базен започна во ноември 2011 година.

 

 

Текст, фото:

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk