Претходна статија
Етно - селото кај Нерези сè уште без концесионер
Следна статија
Пет објекти долж скопскиот булевар „Илинден“ добија нови фасади

На продажба пет парцели од индустриската зона „Прилеп 2“

Објавено на 02.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Прилеп денеска објави оглас за продажба на градежно земјиште во индустриската зона „Прилеп 2“, лоцирана во населбата „Сточен пазар“. На домашните и на инвеститорите од странство им се нудат пет нови градежни парцели за индустриски објекти со три типа на намена – сервиси, мало стопанство и стоваришта и со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Во урбанистичкиот план на овие парцели се вцртани објекти со приземје и два ката. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 2 ноември. Лицитацијата на земјиштето е предвидено да се одржи на 6 ноември.

 

 

 

Општина Прилеп во изминативе неколку години успешно ја реализираше продажбата на градежното земјиште од првата индустриска зона „Прилеп 1“ кај фабриката „Металец“. Приватни фирми ги купија сите парцели, вкупно 21, наменети за изградба на индустриски објекти.