Претходна статија
Се подготвува терен за изградба на пругата кон Албанија
Следна статија
Светска банка ќе го финансира експресниот пат кон Бугарија

Обучени првите тренери за градење на енергетско ефикасни објекти

Објавено на 01.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во изминативе неколку месеци 200 лица ја минаа обуката за инструктори и тренери за градежни работници за градење на енергетски ефикасни згради, во рамките на проектот „Build Up Skills“. Во Стопанската комора на Македонија денеска беа доделени првите сертификати на професионалниот кадар. Проектот е иницијатива на Европската комисија за постигнување на енергетските цели 20 20, при што Македонија е единствената земја надвор од Европската унија што е вклучена во проектот.

 

 

 

Координаторот на процесот за препознавање на вештините и знаењата, професорката Кристина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје (ФЕИТ) посочи дека моделот за препознавање на знаењата и вештините прв пат се применува во Македонија. „Со денешниот ден завршува првиот дел, а од утре почнуваме со најмасовниот дел од проектот – на 1.000 работници од градежниот сектор да им се препознаат дипломите, односно нивните претходни знаења и вештини“, рече Спасевска.

 

Едукативната програма што е предвидено да се спроведе на 1.000 градежни работници ќе им овозможи обучување во пет занимања: фасадери, столари, техничари за греење, ладење и климатизација, кровопокривачи и електричари.