Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Во полн сјај блесна реконструираната Железничка станица во Скопје
Следна статија
Реакции по одлуката за изградба на пристапна улица на Кејот на Вардар

Парк и градинка на местото на постоечките бараки на АДСДП

Објавено на 25.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски им вети на жителите на скопската населба Дебар Маало дека на местото на постоечките бараки на АДСДП во новиот урбанистички план ќе биде впишана градинка и зеленило. Првиот човек на општината, заедно со локалната администрација и претставници на НВО – секторот, вчера остварија средба со граѓаните кои живеат во оваа населба. Жителите побараа корекции во предлог – ДУП Дебар Маало-1 и Дебар Маало-2, со кои ќе се избришат најавените станбени згради на локацијата кај бараките на АДСДП, 55 – метарската зграда на местото на постоечките бараки на Општина Центар и замислената катна гаража.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

„На местото на локацијата кај ПУИГ, наместо зграда ќе има зелена површина, детско игралиште и реквизити за играње. Затоа е неопходно да ги пополните анкетните ливчиња со ваши барања и забелешки и доколку Министерството за транспорт и врски не даде согласност за ДУП – от, тогаш ќе треба да се соочат со волјата и незадоволството на граѓаните. Катна гаража не мислам да правам и тука ќе има зелена површина, бидејќи и тоа е барање на граѓаните. Неколкупати веќе кажав, но и сега да повторам, немам намера да градам општинска административна зграда“, посочи градоначалникот Жерновски.

 

 

Жителите на населбата Дебар Маало имаат рок од уште неколку дена да ги достават своите анкетни ливчиња како забелешки на предлог – урбанистичките планови Дебар Маало 1 и 2. Паралелно со продолжениот период за јавна анкета од граѓаните, градоначалникот Андреј Жерновски ќе оствари непосредни средби и во претстојниот период за да ги слушне замислите на граѓаните околу идниот развој на оваа скопска населба.