Претходна статија
Дебар Маало за првпат ќе добие парк
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Во полн сјај блесна реконструираната Железничка станица во Скопје

Цената на „Скопје 2014“ порасна на над 627 милиони евра

Објавено на 24.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За неполн месец, владиниот проект „Скопје 2014“ порасна за дополнителни 25 милиони евра. Од парите на граѓаните досега се потрошени фрапантни 627 милиони евра во нови згради, споменици, скулптури, фонтани, плоштади и во „барокизација“ на постоечки фасади. Проектот „Скопје 2014 под лупа“ секојдневно се надополнува од страна на тимот на БИРН, па така во анализираните документи и склучени договори се вклучени 136 документирани објекти. Во обемната документација се најде место и за најновите зафати на централната власт – административната зграда на АДСДП кај Македонска опера и балет, како и спомен – обележјето на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“. 

 

 

 

Во вкупната потрошена сума не влегуваат оние најавени објекти за кои допрва треба да се избере изведувач на работите, вклучувајќи ја тука изградбата на новата „барокна“ зграда на Народната банка кај МОБ, реконструкцијата и надградбата на Градскиот трговски центар, но и промената на изгледот на десетици фасади во централното градско подрачје, проект со кој раководи Град Скопје. Во базата на податоци на БИРН не се вметнати и оние објекти, за кои архитектонски трудови изготвува или директно ги одобрува Министерството за транспорт и врски, а се градат од страна на приватни компании, како што е случајот со Шпанските скали и најавениот хотел на плоштадот „Македонија“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk