Претходна статија
Општина Струмица продолжува со развојот на гасоводната мрежа
Следна статија
Владата присвоила 15.136 m² земјиште од Општина Центар

Со заем од Светска банка се реконструира патот Битола – Ресен

Објавено на 22.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започна реконструкцијата на магистралниот пат Битола – Ресен. Со средства во висина од 6.000.000 евра ќе се рехабилитира оваа делница од патниот правец А3, во должина од 27 километри. Потребните финансии се обезбедени преку кредит подигнат од Светска банка. Реконструкцијата на патот доаѓа по три и пол децении од неговата последна обнова, а проценките се дека градежните работи ќе се одвиваат во наредните 12 месеци.

 

* Опасните дупки на патот Битола - Ресен ќе заминат во историјата

 

 

Коловозот на овој магистрален пат во моментов е преполн со дупки и асфалтот е тешко оштетен на бројни места, што сериозно ја загрозува безбедноста во одвивањето на сообраќајот. За претстојниот зафат во текот на 2014 година беше изготвена неопходната проектна документација од страна на Градежниот институт „Македонија“.