Претходна статија
Скопското кале полека умира со недоизградените музеи
Следна статија
Започна изградбата на трговски центар на „Тинекс“ во Прилеп

Отворена новата катна гаража „Тодор Александров“

Објавено на 08.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повеќе од четири години минати во изградба, катната гаража „Тодор Александров“ е подготвена да ги прими возилата од околината на „Беко“ во центарот на Скопје. Премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го пуштија во употреба гаражниот објект со капацитет за паркирање на 604 автомобили и 120 велосипеди. Влезот во катната гаража е од североисточна страна преку новоизградената подземна улица, додека излезот е од првото подземно ниво преку подземната улица на југоисточна страна, директно на улицата „Даме Груев“. Движењето на возилата по катови се одвива преку спирална рампа. Паркингот за велосипеди е сместен во клунот на објектот, до кој води посебен лифт.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски објасни дека катната гаража „Тодор Александров“ е опремена со современи системи за откривање и јавување на слободни паркинг места, систем за наплата на паркирањето, видео надзор со 87 камери и контролна соба, систем за противпожарна заштита, систем за откривање и јавување на CO2 и гас, систем за заштита од атмосферски празнења, како и систем за климатизација и вентилација. Објектот има корисна површина од 29.183 метри квадратни, на приземје, седум надземни и две подземни нивоа. На приземјето и на првиот кат се сместени деловни простории.

 

Катната гаража „Тодор Александров“ започна да се гради во мај 2011 година. Пуштањето во употреба на објектот доцнеше две години. Проектната документација ја изработи Градежниот институт „Македонија“, додека градежните работи ги реализираше компанијата „Бетон“ од Скопје. Градот за овој значаен проект издвои околу 780 милиони денари обезбедени преку кредит од НЛБ Тутунска банка.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект