Претходна статија
ААМ ќе ја бојкотира манифестацијата „Архитектура на град Скопје“
Следна статија
Балконот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба

Шуто Оризари го доби првото средно училиште

Објавено на 02.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска ги пуштија во употреба доградените две основни училишта и новото средно училиште во Шуто Оризари, кое воедно е и прво на територијата на оваа скопска општина. Средното училиште има површина од 4.405 метри квадратни, 12 училници, четири кабинети, шест канцеларии за наставници и вработени, фискултурна сала, читална и библиотека. Од државниот буџет во изградба и опремување на образовниот објект беа вложени 85 милиони денари, односно околу 1,4 милиони евра.

 

* Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

 

Покрај завршувањето на објектот на средното училиште, со средства од државниот буџет во Шуто Оризари годинава беше завршена доградбата на двете основни училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26 Јули“. За реализираните градежни работи беа потрошени 105 милиони денари, односно околу 1,7 милиони евра. Во ОУ „26 Јули“ е обезбеден дополнителен простор од 1.080 метри квадратни, со што се добиени девет нови училници и повеќе помошни простории во зградата. Во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ беа изградени дополнителни два ката со површина од 2.000 метри квадратни, на кои се распоредени 21 нова училница.