Започнаа градежните работи за рехабилитација на регионалниот пат Р1115 од Нов Дојран до Николиќ, со должина од шест километри. Со вложувањето во висина од 1,4 милиони евра, во наредните шест месеци ќе се санира оштетениот коловоз на овој патен правец од дојранскиот регион. Изведувач на градежните работи е „Гранит“, додека надзорот над изведбата ќе го врши „Евро Консалтинг“.
На денешното отпочнување на градежните работи, во Дојран присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Министерот Мисајловски подвлече дека во изминатиов период во дојранскиот регион беа реконструирани регионалните патишта Дојран – Струмица, Дојран – Фурка, а завршен е и локалниот пат за Црничани.