Градежната фирма „Бетон“ од Штип забележа огромен пад на добивката во првото полугодие од годинава. Од работењето на компанијата е остварена сеопфатна добивка во износ од 2.064.000 денари, што е за 93% помалку во однос на периодот јануари – јуни 2014 година. Оперативните приходи на штипски „Бетон“ изнесувале 279.059.000 денари и истите се намалени за 16%. Намалените приходи од продажба се наведуваат како причина за опаѓање на оперативните приходи.
Во извештајниот период е пресметано дека „Бетон“ од Штип ги намалил оперативните расходи од работењето на 260.260.000 денари, што е за 14% помалку во споредба со периодот јануари – јуни 2014 година. Во делот на расходите, градежната компанија бележи зголемување на трошоците одвоени за вработените и за амортизација на материјалните и нематеријалните средства.