Првите шест месеци од 2015 година донесоа позитивно финансиско работење на „Бетон“ Скопје. Добивката градежната компанија изнесува 43.332.564 денари, што е за 10,64% повеќе во споредба со периодот јануари – јуни 2014 година. Остварените вкупни приходи во извештајниот период се 1.311.099.888 денари, односно се зголемени за 8,98% во однос на истиот период лани. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество од 86,5% имаат приходите од основна дејност, остварени од изградба на градежни објекти на домашниот пазар.
Остварените вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2015 година изнесуваат 1.267.767.324 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2014 година се зголемени за 8,92%. Од скопски „Бетон“ известуваат дека во првите шест месеци инвестирале 9.372.348 денари во набавка на основни средства за работа.