Претходна статија
Цените на становите пораснаа и во вториот квартал од 2015 година
Следна статија
Продолжен рокот за легализација на инфраструктурните објекти

„Бауер БГ“ ќе го изведува новиот кружен тек во населбата Железара за 730 илјади евра

Објавено на 21.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ја избра градежната компанија „Бауер БГ“ за изведувач на новиот кружен тек, што ќе се гради на вкрстувањето на улиците 16-та Македонска Бригада, Коце Металец и сообраќајниот влез во скопската железарница. За овој инфраструктурен објект во населбата Железара од градскиот буџет ќе се издвојат финансиски средства во висина од 45.046.399 денари, односно околу 730.000 евра, а изведбените активности е предвидено да завршат во рок од девет месеци. Кружниот тек треба да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да ги разреши постоечките сообраќајни проблеми на улицата 16-та Македонска Бригада.

 

 

 

Локацијата кај стадионот на клубот Металург подолго време претставува опасна точка во сообраќајот. На оваа крстосница не беа поставени семафори. Градските власти го распишаа тендерот за пронаоѓање на градежна компанија за овој проект на почетокот од јуни годинава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk