Претходна статија
Русија ѝ го нуди гасоводот „Тесла“ на Македонија
Следна статија
Владата продолжува со надоградување на „Скопје 2014“

Меѓународниот и меѓуградскиот превоз во подем

Објавено на 20.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во второто тримесечје од 2015 година е забележан пораст на меѓуградскиот и на меѓународниот автобуски превоз во земјава. Автобусите помеѓу македонските градови превезле 1.704.000 патници, што претставува пораст од 6,7% во споредба со идентичниот период лани. Меѓународниот автобуски превоз во периодот април – јуни 2015 година бележи пораст од дури 78% во однос на истиот период од претходната година, односно со автобуси биле транспортирани 194.000 патници.

 

 

 

Статистичарите од Државниот завод за статистика пресметале дека намалување на бројот на патници во приградскиот превоз за 4,4% во однос на април – јуни 2014 година, при што со автобус на овие релации биле превезени 8.268.000 патници. Во делот на јавниот градски превоз, вкупно 13.002.000 патници ги користеле автобусите низ македонските градови во текот на второто тримесечје од 2015 година, или за 1,8% помалку во однос на истиот период лани. Државниот завод за статистика ги пресметува придвижувањата во автобускиот превоз четири пати годишно.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk