Претходна статија
Се разгорува револтот на граѓаните против новиот ДУП за Карпош 4
Следна статија
Русија ѝ го нуди гасоводот „Тесла“ на Македонија

ИЗИИС го одбележува 50 – годишниот јубилеј од основањето

Објавено на 19.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По предлог на Обединетите нации, Владата на СР Македонија во 1965 година го оформила Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). По половина век постоење, на денешната прес – конференција директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски ги објасни досегашните достигнувања на оваа научна и високообразовна институција. Веднаш по неговото оформување, на Институтот се отвориле првите магистерски студии во областа на земјотресното инженерство на ниво на Македонија, кои воедно биле и први магистерски студии во Европа од областа на земјотресното инженерство.

 

Според зборовите на Гаревски, ИЗИИС во досегашното постоење организирал специјални курсеви за инженери и специјалисти од областа на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија од Македонија и од земјите во развој. „Во период од 26 континуирани години, со финансиска помош од Кралството Холандија и Република Македонија и со максимален број од 18 учесници на секој курс, обучивме околу 520 студенти од целиот свет“, информира првиот човек на ИЗИИС. Оваа домашна институција во 2013 година постана првиот институт во рамките на УНЕСКО што функционира од Македонија.

 

По повод 50 – годишниот јубилеј од основањето на Институтот, на 24 август ќе се одржи свечена академија во МАНУ, настан на кој е предвидено да се доделат златни плакети за фирми и институции со кои соработувал ИЗИИС.