Претходна статија
Приватен субјект ќе го одржува уличното осветлување и во Битола
Следна статија
Реконструкција на 10 улици и атмосферска канализација во Карпош

Градежниците со значително помалку работа на странските пазари

Објавено на 18.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежните компании од земјава во првите шест месеци од 2015 година договориле градежни работи во странство во вредност од 2.959.531.000 денари, односно за 56,8% помалку во споредба со периодот јануари – јуни 2014 година. Главната причина за ова големо намалување е големиот пад на договорите за нови проекти во Босна и Херцеговина, која воедно претставува земја во која домашните градежници најмногу работеа изминативе години. Статистичарите од Државниот завод за статистика пресметале дека во наведениот период градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 968.529.000 денари, што е за 38,6% повеќе во споредба со идентичниот период лани. Во периодот јануари – јуни 2015 година е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари за македонските компании се јавуваат Косово, Австрија, Албанија, Србија, Полска, Словенија, Грција и Црна Гора.

 

 

Бојан Блажевски