Претходна статија
Сергеј Самсоненко ќе го догради Офицерскиот дом
Следна статија
Изградбата на новата Клиничка болница во Штип почнува есенва

Музејот „Македонска борба“ ќе проголта уште 611 илјади евра

Објавено на 06.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Музејот „Македонска борба“, којшто беше отворен пред неполни четири години, продолжува да голта големи суми буџетски пари. Со најновиот договор, за преуредување на конференциската сала ќе се потрошат уште 611 илјади евра. Работите ќе ги изведува фирмата „Десигн фантаси ДООЕЛ – Скопје“, која била и единствениот учесник на тендерот објавен во април. Изведувачот ќе има обрска да ја преуреди конференциската сала во повеќенаменска сала, за во неа да може да се одржуваат и коктели, изложби, концерти, свечени вечери на делегации, прием на ВИП – гости и слично. Со овој договор, сумата за изградба и уредување на објектот надмина 15,3 милиони евра. Основниот договор беше склучен во 2008 година на сума од 4,5 милиони евра.

 

Музејот „Македонска борба“, којшто беше првата завршена и ставена во функција зграда од проектот „Скопје 2014“, всушност се состои од два музеи – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Автор на идејното решение беше архитектот Зоран Јордановски, а проектот го изготви „Неимар инженеринг“.

 

 

» Форумска дискусија за Музејскиот комплекс „Македонска борба“