Од скопски „Гранит“ денеска излегоа со информација дека склучиле четири нови договори за изградба и санација на национални и на регионални патишта во земјава. Вкупно 519.963.142 денари, односно околу 8,4 милиони евра ќе се слеат во касата на македонскиот градежен гигант, по основ на склучените договори.
Оперативата на „Гранит“ во наредните 12 месеци ќе работи на рехабилитација на делницата од Битола до Макази на националниот пат А3, на рехабилитација на регионалниот пат Р1202 од Ново Село до Маврови Анови, на реконструкција регионалниот пат Р1115 од Нов Дојран до Николиќ и на патот Р1402 на сегментот од Мокрино до Смолари. Со средства од државниот буџет, „Гранит“ ќе го санира и мостот бр. 61 на магистралниот пат А2 пред преминот „Стража“. Овој договор треба да се комплетира во рок од 39 месеци.
Бојан Блажевски