Претходна статија
Во Карпош ќе се реконструираат покривите на зградите
Следна статија
Утре се отвора изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“

Струмица ќе гради нови 6,5 километри гасоводна мрежа

Објавено на 24.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие „Струмица-гас“ бара градежна компанија која што во рок од 12 месеци би изградила секундарна гасоводна мрежа во Струмица со вкупна должина од 6,5 километри. Овој инфраструктурен зафат на Општината е дел од проектот за развој на гасоводна мрежа во градското подрачје, долга 40 километри, што треба да се реализира за временски период од три до четири години. Вредноста на претстојните градежни работи за изведба на 6,5 километри од секундарната гасоводна мрежа е проценета на околу 160.000 евра.

 

* Извор на фотографија: Општина Струмица

 

Гасоводната мрежа на територијата на општина Струмица во моментов се протега на преку 21 километри. Изминативе месеци се работеше на проширување на цевките за дотур на гас во кругот на касарната, на улицата „Киро Абрашев“ и зади фабриката „Герас Цунев“. Локалната самоуправа летово ги изведува приклучоците кон селата Добрејци, Дабиле и Куклиш, со што им се овозможува на земјоделците да го користат гасот за загревање на оранжериите и пластениците.