Претходна статија
Привршува проектот за уредување на коритото на Отиња во Штип
Следна статија
Се одолговлекува изградбата на предвидениот затворен базен во Охрид

Државата продаде 13 парцели за викендички во Дојран

Објавено на 22.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На денешното електронско јавно наддавање организирано од Министерството за транспорт и врски беа продадени 13 локации во населбата Калдрма во Нов Дојран, на кои е предвидена изградба на викенд – куќи. Големиот интерес за купување на градежна парцела во овој туристички локалитет може да се увиди од висината на цените постигнати на лицитацијата, кои се движеа помеѓу 470 и 1.320 денари за метар квадратен, иако почетната цена изнесуваше 61 денари за метар квадратен.

 

* Извор на фотографија: општина Дојран

 

 

Продадените парцели се со површина од 500 до 1.118 метри квадратни, додека нивната вкупна површина изнесува 9.194 метри квадратни. Купувачите имаат рок од 9 месеци за да обезбедат одобрение за градење, а новите објекти во Дојран треба да ги изградат во период од 24 месеци по обезбедувањето на градежната дозвола. На одржаното електронско наддавање не се продадоа три градежни парцели, за кои во наредниот период повторно ќе се трага по инвеститори.