Претходна статија
Продажба на земјиште за комерцијален објект во општина Карпош
Следна статија
Поставен е новиот покрив на „јужна“, се редат и новите столчиња

Следни Гемиџиите

Објавено на 22.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На постаментот за споменикот на Гемиџиите во Скопје веќе се поставуваат и заваруваат вообичаените бакарни рељефи и се наѕира неговата конечна форма, но надлежните сеуште не ја соопштуваат точната дата на поставување на споменичната скулптура. Локацијата е на кејот на Вардар, во непосредна близина на Камениот мост и споменикот на Гоце Делчев. Постаментот го гради хрватски „Конструктор“, а надзор врши „Македонијапроект“. Вкупната вредност на споменикот е 970.000 евра.


Одлуката за поставување на овој споменик беше формализирана во Советот на Општина Центар во јуни 2008 година. Неодамна Министерството за култура на Општина Центар и префрли нови 6,5 милиони евра за споменици, со што вкупната сума која досега за оваа намена Министерството и ја има префрлено на Општината достигна над 12,5 милиони евра. Досега на Плоштадот Македонија како дел од проектот Скопје 2014 се поставени споменици на Гоце Делчев и Даме Груев, како и споменик на Методија Андонов – Ченто, додека на Плоштадот Карпошово востание се поставени споменици на просветителите.