Претходна статија
Македонските градежници за 4 месеци договориле градежни работи вредни над една милијарда евра!
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Палатата „Панко Брашнаров“ речиси завршена

Колку се заштедува со користење соларна енергија во вашиот дом?

Објавено на 04.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со повеќе од 250 сончеви денови годишно нашето поднебје е одлично за искористување на соларната енергија за добивање на електрична енергија во секој дом. И покрај честата заблуда дека соларните колектори не функционираат за време на облачни и магливи денови, праксата покажала дека тие работат со иста ефикасност како и во сончевите денови. Можеби она што највеќе ве интересира е колку би заштедиле на долг рок преку инвестирање во овој тип на енергија?

 

Соларните системи бараат еднократна поголема инвестиција, меѓутоа истите нудат долгорочна заштеда за едно домаќинство. Со користење на овие системи, едно просечно домаќинство заштедува околу 10.000 денари на годишно ниво. Ако на оваа пресметка се додаде и фактот дека просечниот животен век на соларните системи е 25 години,вкупната заштеда на долг рок би била 250.000 денари. Заштедата ќе биде уште поголема ако ја користите соларната енергија и во системите за греење.

 

 

 

Во продолжение за вас одбравме неколку соларни колектори кои моментално можат да се најдат на пазарот во Македонија.

 

 

Колектор со вакуумски цевки

 

Вакуумски соларни колектори се најпрактична опција за инсталација бидејќи тие се ефикасни во текот на целата година и можат да произведуваат сончева енергија и во облачните денови. Најдете еден од поефтините вакуумски колектори на пазарот тука и искористете го за санитарна топла вода или пак за загревање на вашиот базен и до 30 степени.

 

 

 

Рамен колектор

 

Доколку се решите за инсталација на рамни колектори, имате разни опции. Може да инсталирате рамни колектори кои работат на вода како овој термосифонски соларен систем – цената дознајте ја тука. Друга опција е да поставите соларен колектор со рамка и стакло како овој кој можете да го набавите на попуст. Трета опција е плочест колектор со висок квалитет и современ дизајн – најдете го тука. Постојат и други опции – видете ги тука.

 

 

 

Инсталација на соларна пумпна станица

 

Соларната пумпа се користи за поврзување на соларните колектори со резервоарот. Истата е неопходно да се инсталира поради обезбедување на квалитетна работа и безбедност на соларниот систем. Цената и деталите за една ваква соларна пумпна станица можете да ја најдете тука.

 

Топлотни пумпи

 

За максимална заштеда на енергија во вашиот дом, неопходно е сончевата енергија да ја користите и во системите за греење. Поставувањето на топлотна пумпа која се употребува за регулирање на температурата и која овозможува греење од -25˚C до 35˚C. Оваа пумпа овозможува највисока долгорочна заштеда бидејќи комплетно ги заменува трошоците на греење и ладење во вашиот дом. Дознајте колку би ве чинела истата тука.

 

 

 

Целосно решение

 

Доколку сакате да дознаете колку би ве чинело целосно решение за поставување на соларна енергија во вашиот дом или пак за одреден проект или бизнис објект,консултирајте се со фирма која ја нуди оваа услуга тука. Постојат различни компании кои нудат опрема, инсталација, како и стручен консалтинг при преминувањето на овој тип на енергија.

 

 

 

Соларната енергија не само што е одржлива, туку е и обновлива што значи дека никогаш нема да исчезне. Сончевите колектори се одлични за искористување на оваа енергија не само за заштеда во вашето домаќинство туку и за постигнување на енергетска независност и намалување на општата загаденост во вашата средина.

 

За останати информации околу климатизација и соларни системи на македонскиот пазар, информирајте се тука.