Започна изградбата на нова детска градинка во скопската населба Пинтија, општина Кисела Вода. Објектот ќе се простира на површина од 480 метри квадратни и ќе се состои од три занимални за прием на деца од предучилишна возраст и една занимална јасли. Градинката ќе може да прими од 80 до 90 дечиња, а општината за изградбата ќе вложи 19,5 милиони денари. На денешното поставување на камен – темелник присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ. Свечениот старт на изградбата на детската градинка е во рамките на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на оваа скопска општина.