Претходна статија
Градежниот сектор со помала побарувачка за материјали и енергија
Следна статија
Нова детска градинка се гради во Пинтија

Започна изградбата на водовод во Шуто Оризари

Објавено на 29.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на скопската општина Шуто Оризари во есента 2016 година ќе добијат чиста и здрава вода за пиење од нов водоводен систем. Денеска стартуваше изградбата на инфраструктурниот проект, со кој повеќе од 30.000 скопјани ќе го решат проблемот со водоснабдување. Водоснабдителниот систем ќе опфати изведба на резервоар од 4.350 метри квадратни во близина на постоечките резервоари на ЈП „Водовод и канализација“, пумпна станица и на цевковод во должина од 2,3 километри долж улиците Шуто Оризари, Виничка, Че Гевара, Плачковица и Бутелски венец. Пумпната станица ќе се поврзе со градската доводна линија Ф 1.600 од изворот Рашче.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 182.367.800 денари, а финансиите се обезбедени од Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и Општина Шуто Оризари. Градските власти ќе ги обезбедат неопходните средства преку кредит во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој и на Светската банка. На изградбата на новиот водоводен систем во Шуто Оризари ќе работи бугарската компанија „Хидрострој ЈСЦ“.