Претходна статија
Во Велес продадени парцели за фабрики, станбена зграда и хотел
Следна статија
Започна изградбата на водовод во Шуто Оризари

Градежниот сектор со помала побарувачка за материјали и енергија

Објавено на 26.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Потрошувачката на градежни материјали и енергија во текот на 2014 година се намалила за 9,2% во споредба со претходната година. Овие информации ги носи денешниот извештај на Државниот завод за статистика, во кој се анализира квантумот на потрошена енергија и градежни производи. Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност за оваа намена лани издвоиле 9.099.609.000 денари. односно 148 милиони евра.

 

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата „Материјали за врзување“ со 3.133.427.000 денари (34,4%), потоа следуваат групите „Потрошено гориво“ со 1.366.576.000 денари (15%) и „Материјали за инсталации на вода, канализација, греење, вентилација, за санитарни уреди“ со 1.028.468.000 денари (11,3%).

 

Во статистичкиот извештај може да се увиди дека лани најголем пораст забележала потрошувачката на градежни материјали за покриви, материјали за инсталации на јака и слаба струја и производите за инсталации на вода, канализација, греење, вентилација и за санитарни уреди. Градежниот сектор потрошил производи за покриви во вредност од 68.113.000 денари, што претставува зголемување од 638,4% во споредба со 2013 година. Најголем пад од 42,2% бележи употребата на материјали за армирање и прицврстување, а по овие градежни материјали следува потрошеното гориво и елементите за ѕидање.

 

 

Бојан Блажевски