Претходна статија
Нови промени во планот за урбанизација на касарната „Илинден“
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Привршува изградбата на болницата „Филип Втори“

Објавени Се Добитниците на А’ Design наградaта за 2015

Објавено на 18.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Меѓународната А’ Design Award & Competition ги објави најдобрите дизајни за 2014 – 2015 во сите дисциплини за дизајн. A’ Design Award & Competition (designaward.com), светски најголемата и меѓународно најраспространетата награда за дизајн ги објави резултатите за натпреварувањето во дизајн за 2014 – 2015 : 837 Добитници од 83 земји во 89 различни дисциплини за дизајн. Пријавите беа внимателно оценувани од страна на меѓународна жири комисија составена од влијателни научници, истакнати членови на печатот, професионалци за креативен дизајн и искусни претприемачи кои посветија огромно внимание на деталите за време на гласањето на секоја пријава.

 

Дизајн ентузијастите, вљубениците и уредниците ширум светот се срдечно поканети да добијат нова дизајн инспирација и да ги откријат најновите трендови во уметноста , архитектурата и технологија преку посета на онлајн галеријата на добитници на A’ Design Awards’ на http://www.designmag.org, каде се прикажани сите врвни дизајни од Меѓународното A’ Design Натпреварување за дизајн за 2014 – 2015, како и нaградени дела од претходните години. Уредниците и љубителите на дизајнот, може да да ги погледнат и интервјуата со наградените дизајнери на http://www.design-interviews.com

 

 

 

Резултатите од А’ Design натпреварувањето се објавуваат секоја година на 15 април. Најдобрите производи, проекти и услуги од целиот свет, кои се истакнуваат со супериорен дизајн, технологија и креативност се наградени со A’ Design Награда; како симбол за совршенство во дизајнирањето и иновациите. Има пет различни нивоа на награда: платинеста, златна , сребрена, бронзена и железна A’ Design Награда кои се доделуваат годишно во сите дизајн дисциплини. Дизајнерите, компаниите и институциите од сите земји се повикуваат секоја година да учествуваат на натпреварот преку номинирање на своите најдобри дела, проекти и производи кои понатаму се оценувани за добивање на награда.
A’ Design наградата се доделува за Добар Просторен Дизајн (Архитектура, Дизајн на Ентериери, Урбан Дизајн и Пејзажен Дизајн), Добар Индустриски Дизајн (Дизајн на Производи, Дизајн на Апарати, Дизајн на Возило, и Дизајн на Машини), Добар Комуникациски Дизајн (Графички Дизајн, Интерактивен Дизајн и Маркетинг Дизајн), Добар Моден Дизајн (Дизајн на Облека, Дизајн на Модни Додатоци и Дизајн на Обувки) , Добар Системски Дизајн (Дизајн на Услуга, Дизајн на Сстратегија, Квалитет и Иновации), како и за Постигнувања во уметноста и литературата. Лауреатите се поканети да присуствуваат на гламурозната гала-вечера и церемонијата на доделување на наградите во Италија каде ќе бидат повикани на сцената да ги подигнат своите трофеи, сертификати за награда и алманах. На победниците им се дава ексклузивен простор да учествуваат на изложбата за “најдобрите дизајни на годината” каде ги прикажуваат своите дела во Италија. Лауреатите исто така добиваат и “A’ Design Prize”.

 

A’ Design Prize е исклучително посакуван и сеопфатен комплет кој им се дава на добитниците на A’ Design Award & Competition за да им помогне да ги шират своите новости на поширока меѓународна публика. Како прилог кон трофејот, сертификатот и алманахот, A’ Design Prize вклучува и услуги за односи со јавноста и маркетинг услуги, како и превод на награденото дело на десетици јазици, подготовка и дистрибуција на извештаи за печат, доживотна лиценца за користење на логото “добитник на награда”, Кампања за односи со јавноста за добитниците и ивестување за наградените дела во илјадници медиуми.

 

Бидејќи едицијата за 2014 – 2015 заврши се примаат пријави за натпреварот за 2015 – 2016 заинтересираните дизајнери, уметници, архитекти и компании би можеле да се регистрираат и да ги достават своите дела на http://competition.adesignaward.com каде што можат да се добијат понатамошни информации во врска со натпреварот за дизајн како критериуми за оценување, клучни датуми, листа на членови на жири комисијата, формулари за пријава и презентација.

 

 

За A’ Design Award & Competition:

 

A’ Design Award е основана со цел да се креира свест за добри дизајн практики и принципи. Крајната цел на A’ Design Award & Competition е да поттикне огромна стимулација за дизајнерите, компаниите и брендовите од сите земји за креирање на подобри производи, услуги и системи кои му помагаат на човештвото. Затоа, A’ Design Award & Competition ги истакнува и ги тера дизајнерите и брендовите од целиот свет да создадат производи и проекти кои нудат додатна вредност, зголемена корисност, нова функционалност, супериорна естетика, исклучителна ефикасност, подобра издржливост и извонредни перформанси. Дознајте повеќе за A’ Design Award & Competition на http://www.natprevarzadizajn.com

 

 

Повик за учество на A’ Design Award & Competition натпреварувањето

 
A’ Design Award & Competition е водечко меѓународно годишно натпреварување за дизајн, при што победниците ги одредува жири комисија. Наградите на A’ Design се класифицирани во широк спектар на креативни полиња со цел да се истакнат најдобрите дизајнери од сите земји и во сите дисциплини.

 
Секоја година, проектите насочени кон иновација, технологија, дизајн и креативност се наградуваат со A’ Design Award. Пријавите се прифаќаат годишно до 28 февруари а резултатите се објавуваат секоја година на 15 април. Дизајнерите ширум светот се повикани да земат учество во рангирањето преку пријавување на своите најдобри дела, проекти и производи. Пријавите се прифаќаат доколку се дизајнирани во последните 10 години.

 

Ако сакате да учествувате на натпреварот за дизајн, можете да добиете повеќе информации и да се регистрирате на следниов линк: http://competition.adesignaward.com/call-for-entries-mk.html