Претходна статија
Заврши изградбата на филтер станицата во скопската железарница
Следна статија
Реконструирана велосипедската патека на булеварот Александар Македонски

Жерновски: Бензинската пумпа во Буњаковец е исфрлена од ДУП-от за Дебар Маало

Објавено на 17.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска соопшти дека е исфрлена можноста во новиот урбанистички план за Дебар Маало да се впише маркичка за изградба на бензинска пумпа кај пазарчето Буњаковец. Тој спомена дека поголемиот дел од жителите кои гравитираат околу пазарчето се против изградбата на бензинска пумпа, така што локалните власти ќе ја испочитуваат желбата на центарци. „На следната седница јас ќе предложам ДУП за Дебар Маало без бензинска пумпа со пазарче од затворен вид“, изјави Жерновски.

 


* Пешаци на улица, возила на тротоар кај Буњаковец; фото: Архива на „Билд“
 

 

Покрај вчерашната средба, граѓаните на општина Центар денеска ја имаа можноста да прашаат и да дискутираат со локалните власти за сите прашања од областа на урбанизмот, планирањето и уредувањето на просторот во централното градско подрачје. Претседателот на комисијата за урбанизам при општина Центар, Јован Тагасовски во разговорот со граѓаните информираше дека во фаза на изработка се 17 ДУП-ови и нивната содржина е достапна на општинската веб – страница. Ревидираните урбанистички планови ќе се усогласат со Генералниот урбанистички план за Град Скопје.