Општина Кочани се договори со српската компанија „Минелшредер“ за реконструкција и модернизација на уличното осветлување во Кочани и во дел од селото Оризари. Со проектот е предвидено во рок од 42 месеци да се демонтираат постоечките 3.125 светилки и да се набават и монтираат нови лед светилки. Локалната самоуправа очекува дека со тоа ќе се оствари заштеда на електрична енергија до 65%. Замената на првите светлосни арматури ќе почне во август годинава.
На неодамнешниот тендер за прибирање на понуди учествувале четири компании, меѓу кои српски „Минелшредер“ доставил најевтина понуда. Од локалниот буџет за реконструкција и модернизација на уличното осветлување во Кочани се одвоени 850 илјади евра.