Претходна статија
Градски парк ја вдомува фудбалската Академија на Самсоненко
Следна статија
Град Скопје ветува нови велосипедски патеки до 2017 година

„Бауер БГ“ ќе гради плажа во Лагадин за 1,2 милиони евра

Објавено на 15.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски потпиша договор со скопската градежна фирма „Бауер БГ“ за уредување на плажа кај населеното место Лагадин, на брегот на Охридското езеро. Плажата ќе се гради на потегот од хотел „Два бисери“ кон југ, во должина од 500 метри. Градежните активности ќе се одвиваат период од четири месеци, така што се очекува проектот да заврши најдоцна до средината на октомври годинава. Од буџетот на Република Македонија за овој проект ќе се потрошат 73.499.958 денари, односно 1,2 милиони евра. Скопската фирма „Астрекс“ веќе ги изготви идејното решение и основниот проект.

 

 

 

Плажа е замислено да има два шанка, два објекти со тоалети, тушеви и гардероби, сервисен пункт, простор за сместување на лежалки и чадори, детски игралишта, две платформи за вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и други пловни објекти. Целокупниот простор ќе добие зелена површина, но и спортски терени за фудбал и одбојка на песок. Во водите на Охридското езеро ќе се навлезе со изведба на две дрвени платформи, додека на крајбрежјето е замислено да се засадат палми.

 

 

Бојан Блажевски