Изградбата на Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ се ближи кон својот крај. По тригодишниот период на изведба, објектот со приземје и три ката е со целосно завршен екстериер, чиј изглед го карактеризираат античките столбови и стаклената фасада. Во моментов се изведуваат градежно – занаетчиски работи, подот и ѕидните површини. Надвор од самиот објект, работници започнаа хортикултурно да го уредуваат просторот, при што досега се засадени 20-тина палми.
Истовремено, општина Карпош инвестираше во изградба на новопроектирана улица, со која ќе се обезбеди пристап до идната приватна болница. Сегашните очекувања се дека здравствениот објект ќе го добие својот целосен изглед до крајот на летниот период. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Модинг“ од Тетово, додека надзорот над работите го врши Градежниот институт „Македонија“. Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ се гради од средината на 2012 година.
» Форумска дискусија за овој проект
Текст и фото: Бојан Блажевски