Претходна статија
Беровското езеро со нова содржина - пешачка патека
Следна статија
550 илјади евра за Кружен тек кај Железара

Дополнителни 2,8 милиони евра ќе проголта новата зграда на ЕЛЕМ

Објавено на 08.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ЕЛЕМ објави тендер за пронаоѓање на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на новата административна зграда спроти хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје. Само за градежни и градежно – занаетчиски работи е предвидено да се потрошат 171.223.000 денари, односно околу 2,8 милиони евра, без вклучен ДДВ. Ако се земе во предвид првичниот договор за изградба од над 14,6 милиони евра, простата пресметка говори дека е можно овој објект од проектот „Скопје 2014“ да достигне цена од над 17,4 милиони евра.

 

 

 

Градежните работи за изведба на архитектонската идеја на авторите Лазар Димов, Жарко Чаушевски и Стефан Смилевски е планирано да продолжат барем во наредните шест месеци. Екипите на австриската фирма „Штрабаг АГ“ во изминатиов период го издигнаа објектот на ниво на карабина, а во моментов работниците ја изведуваат фасадата и ги поставуваат прозорците. Предвидено е државната компанија ЕЛЕМ да се смести во административен простор од 9.130 метри квадратни. Проектната документација ја изработи „Неимар Инженеринг“, а надзорот над изведбените работи го врши Градежниот институт „Македонија“.

 

Административната зграда на ЕЛЕМ се гради на местото на некогашниот парк, кој претставуваше единствениот простор за одмор и рекреација на граѓаните кои живеат во зградите околу Музејот на град Скопје. Поради сечењето на дрвјата и узурпацијата на просторот, станарите од околните објекти организираа протестни собири за да се спротивстават на ваквата градежна експанзија.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски