Претходна статија
Летово стартуваат шест нови авиолинии од Скопје и од Охрид
Следна статија
По три години продолжува реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Пробиени 80% од трасата на автопатот Миладиновци – Штип

Објавено на 02.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска реализираше посета на дел од трасата на автопатот Миладиновци – Штип за да утврди што од досегашниот проект е реализирано. При увидот во работите на градилиштето кај селото Средно Коњаре, тој напомена дека моментално се пробиени 80 проценти од трасата. На автопатската делница работат преку 500 градежни работници, кои ја запазуваат динамиката на изведување на градежните активности. Во моментов се градат сите седум надвозници и исто толку клучки на овој автопат, а досега се завршени сите потпорни ѕидови.

 

 

 

Автопатот Миладиновци – Штип е предвидено целосно да се изгради најдоцна до февруари 2017 година. За оваа намена се обезбедени 206 милиони евра преку кредит од кинеската Ексим банка. Трасата во должина од 47 километри ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпорација“, додека како подизведувачи на работите се јавуваат македонските фирми „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје. Автопатот ќе има седум клучки, пет подпатници, армирано бетонски мост и пет вијадукти.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект