Претходна статија
По три години продолжува реконструкцијата на булеварот Јане Сандански
Следна статија
Фудбалски тренинг - центар на 32.000m2 ќе се гради во Хиподром

Физибилити студија за малото пристаниште во Охрид

Објавено на 02.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Реконструкцијата на малото пристаниште во Охрид, на кое истовремено ќе се гради и угостителски објект, ќе му биде препуштена на приватен инвеститор. Пред да се додели атрактивниот простор на некој од заинтересираните субјекти, општина Охрид ќе изготви физибилити студија за оправданоста на доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство. За таа цел, денеска е распишан оглас за пронаоѓање на консултантска куќа што ќе го изработи документот, која истовремено ќе дава поддршка во текот на постапката за склучување на концесискиот договор. Советодавните фирми треба да ги достават своите понуди до 8 јуни.

 

* Малото пристаниште во Охрид

 

Врз основа на она што е веќе познато, идниот инвеститор ќе треба да го реконструира постоечкото мало пристаниште на брегот на езерото, кое е изградено во далечната 1959 година. Тој ќе добие право на истиот простор да изведе и угостителски објект, со кој ќе стопанисува извесен временски период. За преточување на планираниот проект во реалноста веќе е изработено идејно решение од страна на авторите Павлина и Андреј Бундоски и Васко Крстески.