По една и пол година чекање и три тендери за избор на проектантско биро, Министерството за култура ќе работи на основен проект за конгресниот центар Александар Македонски (некогашна Универзална сала) во Скопје. Замисленото јајцевидно здание ќе ја добие целокупната проектна документација во наредните осум месеци, a како нејзин креатор ќе биде потпишано Друштвото за проектирање, градежништво, инжинеринг, трговија и услуги „Архи Груп План А“ од Скопје. За овие проектантски услуги од државниот буџет се алоцирани 24.898.000 денари или околу 400.000 евра.
Мултифункционалниот конгресен центар Александар Македонски ќе се реализира врз основа на победничкото идејно решение на архитектонското студио „Стоун Дизајн“. Објектот е планирано да се состои од една голема сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта и две помали сали за помали камерни изведби. Во него ќе бидат сместени и четири конгресни сали, како и шест билатерални сали за организирање помали настани.
Бојан Блажевски