Претходна статија
Нова „бомба“ на СДСМ - Груевски лично е архитектот на „Скопје 2014“
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се премостува булеварот Гоце Делчев

Во Делчево се гради индустриска зона на 20,8 хектари

Објавено на 30.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ТИРЗ ДелчевоЗапочна изградбата на инфраструктурата за Технолошко индустриската развојна зона Делчево, со која ќе се заокружи планот за изградба на 14 индустриски зони од ваков тип во Македонија. ТИРЗ Делчево се наоѓа во непосредна близина на градот, кај месноста Милково брдо, веднаш до патот кон селото Габрово. Се простира на површина од 20,83 хектари, на кои се зацртани осум градежни парцели организирани во четири блокови. „Ќе инвестираме во изградба на внатрешната улична мрежа, довод на вода, струја и гас, посебна мрежа за улично осветлување, канализациска инфраструктура, со еден збор се што е потребно за да ги убедиме инвеститорите тука да го инвестираат својот капитал.“ рече премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на денешното симболично поставување на камен темелник.