Претходна статија
Ќе се реконструира пристаништето во Свети Наум
Следна статија
Кичевскиот булевар „Ослободување“ ќе добие три кружни текови

За 30,8% зголемен бројот на паркинг места во 2014 година

Објавено на 21.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектите за изведба на нови катни гаражи, подземен гаражен простор и за воведување на зонското паркирање низ градовите во земјава продуцираат зголемен број на места за паркирање. Бројот на паркинг места во 2014 година е зголемен за 30,8%, при што во покриените гаражи зголемувањето изнесува 33,9%, додека во катните гаражи, бројот на местата за паркирање е зголемен за 4,5%. 18.809 места за паркирање се на отворен простор, 3.404 места за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 3.593 места за паркирање. Во споредба со 2013 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 20,5%.

 

 

 

Во сегментот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби, бројка во текот на 2014 година е искачена на 384 паркинг места, од кои 73 се наоѓаат во покриените гаражи, додека бројот на местата за паркирање во катните гаражи изнесува 33. Статистичарите од Државниот завод за статистика утврдиле дека во 2014 година на територијата на сите општини имало 235 објекти за паркирање со површина од 640.293 метри квадратни.