Претходна статија
Скопски „Бетон“ со зголемена добивка од 8% во првиот квартал
Следна статија
Менаџерите со оптимизам кон деловните тенденции во градежништвото

„Гранит“ со намалена добивка од 35% на почетокот од годинава

Објавено на 15.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Гранит“ бележи намалување на реализираниот профит во првите три месеци од 2015 година. Според објавениот неревидираниот и неконсолидиран финансиски извештај, оваа фирма во периодот јануари – март 2015 година остварила вкупна добивка од 12.517.000 денари, односно за 35% помалку во споредба со истиот период од минатата година. Оперативните приходи од работењето на градежниот субјект изнесуваат 580.469.000 денари, што е за 22% помалку во однос на периодот јануари – март 2014 година.

 

 

 

Оперативните расходи на „Гранит“ во првото тримесечје од годинава изнесуваат 574.663.000 денари, односно за 21% помалку во споредба со првото тримесечје лани. Според објавените податоци во неревидираниот и неконсолидиран извештај од работењето во 2014 година, во текот на минатата година оваа градежна компанија остварила пад на севкупната добивка од 42%.