Претходна статија
Општина Центар го почна проектот „Цел Центар на точак“
Следна статија
Дом за старци ќе се гради на охридското крајбрежје

ДОПОЛНЕТО: Новиот објект на Турскиот театар остана на темели!

Објавено на 13.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо да биде издигнат на ниво на карабина, идниот Турски театар во скопската населба „Пролет“ остана на ниво на темели. Првичното ветување за завршување на карабината на овој објект до март годинава не се оствари. Од Министерството за култура велат дека немало големо доцнење на градежните активности на терен. „Првата фаза од овој проект – затворена карабина предвидено е да заврши до крајот на 2015 година или почетокот на 2016 година, во зависност од временските услови во зимските месеци“ истакнува Анита Јовановска, портпаролка во Министерството за култура.

 

 

 

За изведба на објектот беа одвоени финансиски средства во висина од 245 милиони денари, односно околу 4 милиони евра. Театарската зграда е предвидено да има пет надземни и три подземни нивоа, со две сцени што можат да примат над 450 посетители. Објектот ќе содржи и низа на сродни функции, како што се: изложбена галерија, културно информативен центар, мултимедијална сала, книжарница и национален ресторан. За изведувањето на останатите градежни фази на објектот се планира да се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Турција, за што веќе е склучена спогодба.

 

 

 

Изградбата на објектот на Турскиот театар започна кон средината на јануари 2014 година. За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Бетон“ од Скопје. Надзорот врз изведбените активности го врши „Градежен институт Македонија“. Идејното решение го изработи архитектoт Виктор Михајлов, а основниот проект го изготви „Македонија Проект“.

 

 

Бојан Блажевски