Претходна статија
Милион евра за зградата на Министерството за финансии во Струмица
Следна статија
Таксистите лани превезле четири пати повеќе патници од возовите

Со заштеди од претходните тендери ќе се подобруваат патиштата

Објавено на 11.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ќе се подобрува состојбата на локалните, регионалните и на магистралните патни правци со заштедените средства од земениот кредит за санација и изградба на патишта од пред неколку години. Европската банка за обнова и развој објави известување за престојните јавни набавки од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, со кои ќе се финансираат пет проекти што ќе ја унапредат безбедноста на патиштата во земјава. За овие намени е обезбеден буџет од 3,6 милиони евра.

 

 

 

Со европски пари ќе се рехабилитира регионалниот пат Клепач – Новаци во пелагонискиот регион, ќе се набават и постават нови сообраќајни знаци и опрема за четири национални патишта, ќе се осветлат раскрсниците на шест регионални патишта, ќе се инсталира унапреден систем за контрола на осветлувањето на македонските патишта, но ќе се вложи и во изработка на студија за дигитална архива. За сите овие проекти е предвидено да се распишат тендери од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во втората половина од 2015 година.

 

Европската банка за обнова и развој во изминатите години е редовен потпомагач во изградбата и реконструкцијата на македонските автопати, магистрални, регионални и во локални патишта. Оваа европска финансиска институција досега има инвестирано во 97 проекти спроведени на територијата на земјава.

 

 

Бојан Блажевски