Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се издигнува бетонската конструкција на Офицерскиот дом
Следна статија
Со заштеди од претходните тендери ќе се подобруваат патиштата

Милион евра за зградата на Министерството за финансии во Струмица

Објавено на 11.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Објектот на Министерството за финансии во центарот на Струмица ќе биде подложен на санација и реконструкцја, за што се одвоени финансиски средства од државниот буџет во висина од 64.900.000 денари. Во претстојните девет месеци ќе се изведуваат градежни, градежно – занаетчиски, електро, машински и инсталатерски работи. Истовремено, „Бауер БГ“, како изведувач на проектот, ќе треба да го реализира внатрешното, надворешното и партерното уредување на објектот, во согласност со изготвениот основен проект. Министерството во моментов во градот е сместено во објект што е дел од струмичката касарна. Планираниот објект за реконструкција во централното градско подрачје всушност е поранешната полициска станица, која веќе неколку години како напуштена зграда се распаѓа.