Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно земјиште кај локалитетот Зајчев Рид во општината Карпош, по пат на јавно наддавање. Парцелата е со големина од 2.663 метри квадратни и е предвидена за објект со комерцијални намени. Дозволената површина за градење е 2.130 метри квадратни со висина до венец од 21 метар, додека максималниот коефициент на искористеност изнесува 4,4. Пријавите за учество може да се доставуваат најдоцна до 16.08.2010, наддавањето ќе се одржи на 25.08.2010, а почетната цена за метар квадратен изнесува 6.000 денари.