Новата училишна зграда на основното училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец денеска беше свечено отворена. Во изведбата на образовниот објект беа вложени 80 милиони денари алоцирани од буџетот на локалната самоуправа и од државниот буџет. Претходно, општина Петровец аплицираше за неопходните средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги што го финансира Светската банка. Во новото училиште ќе посетуваат настава околу 600 ученици од селата Петровец, Ржаничино, Чојлија, Катланово и Огненци.
* Извор на фотографија: Влада на Р.М.
Објектот има две нивоа – приземје и кат, а во околината се изведени пешачки патеки, пристапни улици, паркинг простор и зеленило. Училиштето се градеше во изминатите две години, на локацијата на стариот објект изграден во 1963 година.