Претходна статија
Градот Скопје со нов архитектонски конкурс за Луна паркот
Следна статија
„Делфина Турс“ ќе ја гради автобуската станица во Охрид

„Антура“ отвори фабрика за производство на расади во Кочани

Објавено на 06.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Холандската компанија за производство и пласман на цвеќе „Антура“ денеска го отвори својот нов индустриски капацитет во Кочани, инвестиција во висина од шест милиони евра. Општина Кочани вложи во изведба на водоводната и канализационата мрежа, тротоари и улично осветлување за новата фабрика. Целокупната реализација на инвестицискиот потфат се реализираше во изминативе две години. Во објектот е инсталирана модерна опрема за производство, а најавено е вработување на 400 лица.

 

* извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

 

Сопственикот на „Антура“ Иван Ван Дер Кнаап истакна дека по Холандија, Германија и Кина, тие ја отвораат нивната нова фабрика во Кочани. „Не само што имаме луѓе вклучени во доменот на одгледување, лаборатории и производство, туку имаме и во продажба, маркетинг, планирање, техничка поддршка, финансии и човечки ресурси. Во текот на 40 години, од мал семеен бизнис прераснавме во водечка компанија на светскиот пазар за одгледување антуриум и орхидеи“, рече Ван Дер Кнаап.