Претходна статија
„Јахја Кемал“ отвора современ образовен објект во Тафталиџе
Следна статија
Градот Скопје со нов архитектонски конкурс за Луна паркот

Штипски „Бетон“ со намалена добивка во првиот квартал

Објавено на 05.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Штип во првите три месеци од 2015 година остварила севкупна добивка од 2.380.000 денари, што претставува големо намалување во споредба со идентичниот период лани кога од севкупното работење на фирмата бил остварен профит во износ од 7.515.000 денари. Оперативните приходи во првиот квартал од годинава се заокружени на 115.600.000 денари, додека оперативните расходи изнесуваат 110.675.000 денари, се наведува во неконсолидираниот и неревидираниот извештај.

 

 

 

Од реализираните градежни проекти во текот на минатата година, фирмата „Бетон“ од Штип се стекнала со вкупна добивка од 93.942.000 денари, или околу 1,5 милиони евра, покажува неревидираниот и неконсолидиран финансиски извештај за 2014 година.