Државата планира да го развие туристичкиот локалитет Равна река во општина Пехчево преку продажба на тамошното земјиште на оние субјекти што планираат да градат викенд – куќи. Министерството за транспорт и врски распиша оглас во кој се продава огромно државно земјиште распределено на 67 градежни парцели наменети за изведба на објекти за времено сместување. Локациите за градење на локалитетот Равна река се со површина од 201 до 1.385 метри квадратни, а нивната почетна цена изнесува 61 денари за метар квадратен. Во урбанистичката документација се зацртани објекти со приземје и еден кат. Граѓаните што сакаат да купат некоја од огласените парцели треба да достават пријава за учество на електронската лицитација најдоцна до 3 јуни. Наддавањето ќе се одржи на 10 јуни.